Непал ја забрани пластиката за еднократна употреба во регионот на Еверест

Непалските власти ја забранија пластиката за еднократна употреба во регионот на Еверест, во обид да го намалат отпадот што го оставаат алпинистите. Забраната ќе стапи на сила од јануари 2020 година во руралната општината Хумбу Пасан Ламу.

Локален претставник на заедницата за новинската агенција „АФП“ изјави дека ваквата мерка „ќе помогне регионот, Еверест и планините на дологорочно ниво да се чисти“.

Властите неодамна расчистија 11 тони ѓубре од Монт Еверест.

Сите пластични шишиња и пластиката со ширина помала од 30 микрони ќе бидат забранети во покраината, но сè уште не се знае каква ќе биде казната за сторителите.

Хумбу Пасанг Ламу секоја година го посетуваат десетици илјади туристи, а владата воведува се повеќе и повеќе мерки за да се ограничи ефектот што го имаат туристите врз местото.