Недела на Модната Револуција од 19 до 25 април

Тимот на Fashion Revolution Macedonia најавува дека годинешната Недела на Модната револуција ќе се одржува во периодот од 19 до 25 април.

„Поради ситуацијата во која сите се наоѓаме, но пред сѐ поради безбедноста на сите, оваа година решивме да делуваме само преку online медиумите и така да ја шириме нашата иницијатива за поодржлива, етичка и транспарентна мода“, велат од тимот.

Тие додаваат дека оваа година повторно едуцираат, споделуваат свои совети и практики и повикуваат на сите истомисленици да им се приклучат на нивното движење, барем со едноставно онлајн присуство (објава) со цел поткревање на свеста.

Посочуваат и низа материјали и едукативни пораки: