„Не биди ѓубре“ и ЈП „Лајка“ организираат еко акција

Граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре“ и Јавното претпријатие „Лајка“ организираат еко акција по повод почетокот на пролетта.

Утре, на 27 март, со почеток во 12 часот попладне, ќе започне еко акција со чистење околу објектот на прифатилиштето на ЈП „Лајка“.

„Покрај тимот на јавното претпријатие, свој придонес ќе дадат и активистите за заштита на животни. Сите граѓани кои ќе сакаат да ни се приклучат на оваа пролетна иницијатива ќе можат тоа да го направат во недела попладне“, известуваат организаторите.