НАСА откри уште една егзопланета со потенцијални услови за живот

Мисија на НАСА забележа нова егзопланета (планета надвор од сончевиот систем) со големина речиси колку Земјата и потенцијални услови за живот.

Егзопланетата орбитирaла околу мала ѕвезда на оддалеченост од 100 светлосни години. Таа е именувана „TOI 700“ и веројатно има карпеста структура, а нејзината површина претставува 95% од Земјата.

Ова небесно тело е четвртата планета откриена преку мисијата ТЕСС што орбитира околу џуџестата ѕвезда М TOI 700. Другата слична егзопланета беше откриена во 2020 година. И двете планети се наоѓаат на еднаква оддалеченост од зоната погодна за живот околу џуџестата ѕвезда што значи дека на нивните површини можно е да има вода. Потенцијалното постоење на вода сугерира дека овие планети би можеле или некогаш биле вселиви со услови за живот.

Мисијата ТЕСС започна во 2018 година. Научниците сега користат други вселенски и копнени опсерватории за да спроведат дополнителни и последователни истражувања на откриените податоци. Во меѓувреме преку мисијата ќе се откриваат се повеќе нови податоци за интригантниот планетарен систем.