НАСА бара доброволци за симулација на живот на Марс

НАСА сè уште не може да испрати никого на Марс, но бара четворица доброволци за симулација на живот таму, јавува Бизнис Инсајдер.

Вчера, НАСА објави редок повик во кој бара доброволци кои би поминале една година во симулирано живеалиште на Марс, со надомест за волонтерите.

Првата екипа од четири лица во програмата веќе живее на локацијата за симулација која е модуларна 3Д печатена структура од јули минатата година. Извештаите на НАСА за нивниот напредок укажуваат на тоа дека нивната работа се состои од одгледување зеленчук, симулирање пешачење на Марс, надгледување научни експерименти и следење строг режим на вежбање.

Сега НАСА бара апликанти за својата втора мисија која ќе започне пролетта 2025 година.

Оттаму велат дека бараат „здрави, мотивирани државјани на САД или постојани жители“ на возраст од 30 до 55 години, кои знаат англиски и не пушат.

Како и вселенските астронаути, НАСА сака нејзините симулациски астронаути да имаат магистерски студии по наука, технологија, инженерство или математика, со двегодишно искуство во тоа поле или 1.000 часа пилотирање со авион.