Најголемото уметничко дело од лего коцки изложено во Лондон

Насловена „Има смисла“, денес во Лондон се отвора изложбата на кинескиот уметник и активист Аи Веивеи, која го содржи и делото „Водни лилјани #1“ што претставува најголемото уметничко дело на светот, создадено од лего коцки, пренесува „Euronews“.

Делото е направено од околу 650.000 лего коцки во 22 бои, а претставува реинтерпретација на една од најпознатите слики на францускиот импресионист Клод Моне.

Делото е долго 22 метри.

Џастин МекГирк, куратор на лондонскиот музеј го опишал делото како „монументално, комплексно и моќно“, додавајќи дека е многу горд што прв пат се изложува во музејот.

„Без личен наратив, уметничката нарација го губи својот квалитет. Во ‘Водни лилјани #1’ ги интегрирам импресионизмот на Моне, конкретните мои искуства и искуства на татко ми во дигитализиран и пикселизиран јазик“, објаснил Аи за делото.