Националното студентско тело, претставничко тело на сите студенти во државата, испрати барање до Министерството за образование и наука (МОН) за зголемување на сумата за субвенциониран студентски оброк од почетокот на 2026 година.
„Согласно Законот за субвенциониран студентски оброк, износот на субвенциониран студентски оброк се усогласува со согласност со инфлациската стапка после секоја фискална година, а пред донесување на републичкиот Буџет за следната година. Последен пат, висината на сумата за субвенционираниот оброк се промени во 2023 година од 120 на 140 денари“, потсетуваат од Националното студентско тело.
View this post on Instagram
Согласно ова, телото бара предвидување на средства за зголемување на висината на сумата за субвенциониран студентски оброк од 140 на 150 денари при планирањето, а пред носењето на републичкиот Буџет за 2026 година.
„Инфлациската стапка во Македонија во 2024 година изнесува 3,5% (согласно податоците на НБРМ и ДЗС). Дополнително согласно проекциите на ММФ, инфлациската стапка за 2025 година ќе изнесува 3,4%, додека НБРМ проектира 3% инфлација за 2025. Доколку се направи пресметка за двете години, сумата на студентскиот оброк треба да порасне за 10 денари во 2026 година“, образложуваат оттаму.

Принтскрин од Инстаграм објавата на Националното студентско тело
Според Националното студентко тело, ова усогласување не претставува дополнителна привилегија, туку неопходен чекор за зачувување на реалната вредност на студентскиот оброк.
„Со ова зголемување, ќе се обезбеди поголема сигурност и поддршка на студентите во услови на растечки животи трошоци, ќе се олесни нивниот финансиски товар и ќе придонесе кон создавање подобри услови за студирање. На тој начин, државата покажува грижа и инвестиција во младите луѓе, кои се носители на идниот општествен и економски развој на Република Северна Македонија“, потенцираат оттаму.