На 3 јули е регистриран најтоплиот ден во светот досега

Понеделник, 3 јули, беше најтоплиот ден досега забележан на светско ниво, јавува Ројтерс.

Просечната глобална температура достигна 17.01 Целзиусов степен, надминувајќи го рекордот од август 2016 година кога беа регистрирани 16.92 Целзиусови степени.

Јужниот дел на САД беше под влијание на топлотна купола во последниве недели. Во Кина продолжи топлотниот бран со температури над 35 Целзиусови степени. Северна Африка забележа температури од приближно 50 Целзиусови степени.

Па дури и на Антарктикот, каде моментално е зима, беа регистрирани аномално високи температури.

„Ова не е пресвртница која треба да ја славиме. Ова е смртна казна за луѓето и екосистемите“, рече климатскиот научник Фридерике Ото од Институтот за климатски промени и животна средина Грантам на британскиот Империјал колеџ во Лондон.