МЗ: Регистрирани 8 нови случаи, 72 оздравени, без нови починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 3.265 тестирања, а регистрирани се 8 нови случаи на КОВИД-19.

Три се од случаите се во Скопје, два во Струмица и по еден во Куманово, Велес и Кичево.

Регистрирани се 72 оздравени пациенти, а не се регистрирани нови починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 854.673 тестирања на КОВИД-19.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.624, бројката на оздравени пациенти е 149.862, на починати е 5.475, а бројот на активни случаи изнесува 287“, соопштуваат од министерството.