МЗ: 31 починат и 908 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починало 31 лице.

Починале 11 лица од Скопје (89г, 84г, 76г, 75г, 72г,72г, 70г, 68г, 62г, 51г, 48г), по 4 од Прилеп (87г, 83г, 82г, 68г) и Кичево (81г, 70г, 60г, 59г), 3 од Битола (68г,62г, 61г), по 2 од Тетово (80г и 60г) и Охрид (84г и 80г) и по 1 починат од Велес (82г), Кавадарци (82г), Струга (76 г), Свети Николе (88 г) и Македонски Брод (73г). Од починатите 30 пациенти, се починати во болнички, а еден пациент е починат во домашни услови.

Од МЗ исто така информираа дека во последните 24 часа се потврдени 908 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 367 случаи во Скопје, 71 во Битола, 64 во Куманово, 49 во Прилеп, 40 во Штип, по 39 во Велес и Охрид, 38 во Тетово, 24 во Струмица, 21 во Гостивар, 19 во Кичево и 18 случаи во Кочани.

Потоа, регистрирани се 16 случаи на Ковид-19 во Кавадарци, 14 во Гевгелија, по 11 во Свети Николе и Виница, по 10 во Крива Паланка и Дебар, 9 во Неготино, 8 во Струга, по 4 во Берово, Пробиштип, Валандово и Богданци, по 3 во Ресен и Делчево, по 2 во Радовиш, Крушево и Кратово и по 1 случај е регистриран во Демир Хисар и Македонски Брод.

Регистрирани се 732 оздравени пациенти, односно, од Скопје – 339, Куманово и Прилеп – по 56, Битола -43, Велес – 37, Тетово – 35, Гостивар -29 , Штип – 25, Кочани и Кичево – по 16, Берово – 15, Гевгелија – 14, Ресен, Радовиш и Пробиштип – по 7, Виница – 6 , Струмица и Свети Николе – по 5, Крива Паланка – 4, Валандово – 3, Делчево – 2 и по 1 од Крушево, Богданци, Демир Хисар, Македонски Брод и Дојран.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 145.909, бројката на оздравени пациенти е 121.439, на починати е 4.388, а бројот на активни случаи изнесува 20.082“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 684.888 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 3.616 тестови.