МЗ: 25 починати, 62 новозаразени и 398 оздравени од Ковид-19

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 25 лица.

Починале 10 лица од Скопје (69г, 71г, 71г, 71г, 72г, 73г, 76г, 83г, 86г и 86г), по 2 починати лица од Тетово (36г и 74г), Кавадарци (71г и 84г) и Струмица (56г и 69г) и по едно починато лице од Куманово (75г), Прилеп (79г), Битола (72г), Велес (78г), Штип (71г), Охрид (81г), Кочани (85г), Пробиштип (63г) и Демир Хисар (70г). Еден пациент е починат во домашни услови, а останатите 24 се починати во болнички услови.

Во последните 24 часа се регистрирани 62 нови случаи на КОВИД-19, односно во
Скопје – 32, Прилеп и Штип – по 7, Куманово – 5, Струмица – 4, Кавадарци – 3 и по 1 во Велес, Кочани, Кичево и Виница.

Регистрирани се 398 оздравени пациенти, односно од Скопје – 161, Куманово – 48, Битола – 42, Кочани – 24, Велес – 22, Штип – 16, Берово – 13, Гостивар – 12, Струмица и Гевгелија – по 10, Кичево – 7, Тетово – 6, Свети Николе и Дебар – по 5, Ресен, Пробиштип, Валандово и Богданци – по 3, Радовиш – 2 и по 1 од Прилеп, Охрид и Пехчево.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 152.747, бројката на оздравени пациенти е 133.871, на починати е 4.961, а бројот на активни случаи изнесува 13.915“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 725.240 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 572 тестови.