МЗ: 200 нови случаи на Ковид-19, 4 починати и 15 оздравени во последните 24 часа

Министерството за здравство (МЗ) објави дека во последните 24 часа регистрирани се 200 нови случаи на Ковид-19, починале 4 пациенти, а оздравеле 15.

Од починатите лица, еден бил пациент од Скопје (70г.), друг од Гостивар (58г.), третиот од Куманово (51г.), а четвртиот од Македонски Брод (66г.).

Двајца од нив починале во болнички услови, а два вонболнички, информираат од МЗ.

Новите случаи на Ковид-19 се регистрирани во: Скопје-65, Куманово-14, Дебар-6, Штип-21, Прилеп-3, Тетово-12, Струга-5, Велес-12, Битола-7, Охрид-4, Кавадарци-7, Гостивар-14, Струмица-1, Крива Паланка-1, Радовиш-4, Кочани-5, Пробиштип-3, Демир Хисар-2, Македонски Брод-4, Свети Николе-3, Кичево-6, Неготино-1.

Со ова, вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11754,  бројката на оздравени пациенти е 7622, на починати е 523, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3609.

,,На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 80 пациенти. На кислородна поддршка се 37 пациенти, нема на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 14 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 4 деца позитивни на вирусот, а 3 пациенти суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 9 нови, вкупно хоспитализирани се 74 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 28, а во болницата во Штип се хоспитализирани 46 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 123 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19″, информираат од МЗ.

Во изминатото деноноќие биле направени 1828 теста. Досега во земјата се направени вкупно 113619 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот, велат од МЗ.

* Оваа содржина е изработена со помош на Европската Унија во рамките на Проектот за младинско изразување. За објавените содржини е одговорен Младински образовен форум и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.