МЗ: 17 починати, 3.803 оздравени и 123 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 17 лица.

Починале 3 лица од Куманово (53г, 61г и 82г), по 2 починати лица од Скопје (75г и 78г), Тетово (68г и 85г), Битола (62г и 94г) и Кочани (54г и 71г) и по едно починато лице од Прилеп (68г), Гостивар (72г), Охрид (78г), Струмица (77г), Радовиш (73г) и Виница (61г). Од пријавените 14 се починати во болнички, а 3 во домашни услови.

Од МЗ исто така информираа дека во последните 24 часа се потврдени 123 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 64 случаи во Скопје, 9 во Битола, 7 во Куманово, 5 во Охрид и по 4 случаи во Прилеп, Велес, Гостивар и Струмица.

Потоа, регистрирани се 3 случаи на Ковид-19 во Тетово, по 2 во Штип, Струга, Кочани, Демир Хисар и Кратово и по 1 случај на Ковид-19 е регистриран во Кичево, Гевгелија, Неготино, Свети Николе, Крива Паланка, Радовиш, Делчево, Виница и Македонска Каменица.

Регистрирани се 3.803 оздравени пациенти, односно, од Скопје – 2109, Куманово – 252, Битола – 180,Тетово – 178, Велес – 165, Гостивар – 126, Гевгелија – 88, Кавадраци – 82, Ресен – 80, Неготино – 73,Штип – 67, Охрид – 59, Кичево – 52, Прилеп – 46, Крушево – 35, Кочани – 30 и 24 од Свети Николе.

Регистрирани се и по 22 оздравени од Ковид-19 во Радовиш и Делчево, Струмица – 18, Демир Хисар – 17, Виница – 16, Струга – 14, Богданци – 13, Демир Капија – 9, Крива Паланка – 8, Дебар – 6, Берово и Пехчево – по 3 ,и по 2 во Пробиштип, Валандово и Македонска Каменица.

„Од вкупниот број на оздравени, 3.564 се пријавени како позитивни во периодот 01.01 – 31.03.2021. Се работи за лица кои не се пријавени досега како оздравени до ИЈЗ, а кај кои се поминати 20 дена од позитивен резултат. Овие лица за време на болеста биле хоспитализирани или немале матичен лекар или се странски државјани па затоа не излегол предлог за оздравување во епидемиолошките служби на ЦЈЗ/ПЕ“, објаснуваат од МЗ.

Во меѓувреме пак, тие додаваат дека бројката на дијагностицирани со Ковид-19 од почетокот на епидемијата изнесува 154.494 лица.

„Бројката на оздравени пациенти е 143.069, на починати е 5.168, а бројот на активни случаи изнесува 6.257“, посочуваат од МЗ.

Досега во земјаvа се направени вкупно 748.069 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 2.598 тестови.