МЗ: 13 новозаразени со Ковид-19, нема починати лица

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие се потврдени 13 нови случаи на Ковид-19, односно, регистрирани се по 3 случаи на Ковид-19 во Скопје и Тетово, по 2 во Охрид и Кичево и по 1 случај е регистриран во Куманово, Прилеп и Струмица.

Регистриран е 31 оздравен пациент, односно, од Скопје – 14, Кичево – 4, Прилеп – 3, Куманово, Битола и Кочани – по 2 и по 1 од Тетово, Гостивар, Крива Паланка и Кратово. Од МЗ исто така информираа дека во последните 24 часа не се регистрирани починати лица од Ковид-19.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.640, бројката на оздравени пациенти е 149.908, на починати е 5.477, а бројот на активни случаи изнесува 255“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 859.226 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 2.952 тестови.