МВР: Приведени тројца градежни работници кои работеле во Универзална сала во моментот на пожарот

Министерството за внатрешни работи соопшти дека се приведени тројца градежни работници кои изведувале работни задачи во моментот на пожарот во Универзална сала во Скопје.

„Тројцата градежни работници кои изведувале работни задачи во моментот на пожарот се Б.Р. (50), З.Т. (60) и Б.И. (53). Се преземаат мерки за расчистување на случајот“- велат од МВР.

Како што се наведува во соопштението пријавата за пожарот притигнала утрово околу 09:45 часот во СВР Скопје и веднаш, на лице место биле  упатени полициски службеници и припадници на Бригадата за противпожарна заштита.Пожарот бил изгаснат кои околу 11:30 часот.

„Од страна на екипи на ЕВН во целата околина на салата е прекинато снабдувањето на електрична енергија, при што на ул. „Петар Поп Арсов“ во лифтовите на зградите имаше заглавени две жени, кои беа извлечени од страна на Единицата за интервентна полиција.“- стои во соопштението. 

Од таму додаваат дека, со возило на Итната медицинска помош во Клиниката за токсикологија се однесени две лица Е.С. (48) и А.Т. (41) поради вдишување на чад.