МОН: Студентите можат да учествуваат во екстерната евалуација на високообразовни институции и студиски програми

Министерството за образование и наука (МОН) и Агенцијата за квалитет на високото образование ги вклучуваат студентите во процесот на евалуација на високообразовните институции и студиски програми во Северна Македонија. За таа цел, објавен е конкурс за пријавување на заинтересирани студенти за учество во оваа постапка, информираат од МОН.

„Секој апликант треба да исполнува неколку услови, односно да е државјанин на Северна Македонија, да има статус на редовен студент на прв, втор или трет циклус на студии во земјата, да има претходно искуство во евалуација на високообразовни институции во земјата или странство и да има познавање на англискиот јазик“, велат од МОН.

Пријавувањето се врши со пополнување на  Образец, кој може да се најде на веб страната на Агенцијата за квалитет на високото образование, на следниот линк: http://akvo.mk/docs/konkursi/Образец%20за%20пријавување%20-%20студенти.docx и потоа истиот, потпишан и скениран се доставува на следните електронски адреси cvete.stefanovska@tfb.uklo.edu.mk и vlado.gicev@ugd.edu.mk.

Крајниот рок за пријавување е 18.9.2022 година.