Младински образовен форум (МОФ) отвора повик за нови членови во младинските клубови.
Пријави се и биди дел од младинските клубови за: Дебата, Учиме право, Артивизам и Новинарство.
Прашалникот за пријавување е достапен на овој ЛИНК.
Оваа година, идејата е дека „Заедно ја менуваме играта!“
Со аргументи ја менуваме играта! Дебатен клуб во МОФ
Дебатните клубови имаат за цел да развијат способности за критичко размислување, аргументирано говорење и ефективна комуникација кај средношколците. Преку дебатните клубови, младите го зголемуваат своето учество во општествените случувања и придонесуваат кон создавање отворено општество засновано на демократски вредности и толеранција, каде се промовираат и практикуваат критичка мисла и слободно аргументирано изразување. Дебатните клубови се фокусирани на изучување на компетитивна дебата и јавно говорење во форматот на World schools. Аргументирај го својот пат до промена!
Со правата ја менуваме играта! Учиме право клуб во МОФ
Учиме право клубовите се насочени кон правна едукација и запознавање на младите со основите на демократијата и правниот систем, владеење на правото и остварување и заштита на човековите, граѓанските и политичките права, слободи и обврски. Содржината на клубовите е поделена на четири дела: надлежностите на државните институции, човековите слободи и права, граѓанско право и кривично право. Дополнително, програмата на своите членови им нуди можност преку различни организирани активности да посетат различни државни институции и тела или да бидат дел од симулации кои го претставуваат нивното работење. На овој уникатен начин програмата цели да создаде врска помеѓу концептот на демократијата, човековите права и правниот систем и нивното влијание во секојдневниот живот. Правилата не се менуваат сами. Промени ги ти!
Со креативноста ја менуваме играта! Артивизам клуб во МОФ
Артивистичките клубови работат на оспособување на младите слободно и креативно да се изразуваат, охрабрувајќи ги самите да преземаат и предводат активности кои ќе ја подобрат моменталната состојба во нивните локални заедници. Членовите на клубовите посетуваат предавања и работилници за различните форми на активизмот, креативни активистички алатки, младинско организирање и ангажирање на заедницата за решавање на предизвици. Иницијативите кои младите членови ги создаваат имаат за цел да поттикнат размислување и дејствување на конкретни општествени теми од нивен интерес, придонесувајќи за помагање на локалната заедница преку младински активизам. Креативноста е твојот мегафон. Искористи ја за промена!
Со вистината ја менуваме играта! Новинарски клуб на МОФ
Новинарските клубови на МОФ се фокусирани на развивање на вештините и основите на новинарство и медиумска писменост кај младите. Членовите на новинарските клубови учат како да спроведуваат истражувања, да креираат новинарски содржини и да ги разбираат и анализираат медиумските пораки. Овие клубови ги подготвуваат младите за одговорно и критичко консумирање и создавање на медиумски содржини, кои имаат цел да ја информираат јавноста. Биди гласот што информира и инспирира промена!
Рокот за пријавување е до Пријави се до 30 септември 2025 година (четврток), до 23:59 часот.
За сите дополнителни прашања поврзани со повикот, обратете се на info@mof.org.mk