Младите на трет протест пред Влада за справување со климатските промени

Со транспаренти на кои пишува „Кога лидерите се однесуваат како деца, децата стануваат ЛИДЕРИ“, „Климава работа“ , „Точка на вриење“, младите од движењето „Fridays For Future Skopje“ и денеска протестираа пред Влада, за да потсетат дека политичарите се уште одбиваат да се соочат со долгорочните ефекти врз животната средина од нивното неделување

„Нашите барања остануваат исти: ригорозни казни за индустриските загадувачи на атмосферата, контрола на горењето отпад и воведување на еколошки јавен транспорт. Без итно спроведување на овие мерки не ни се загрозува само сегашноста, туку и иднината!“, посочуваат од движењето.

Ова е трет протест на движењето пред Влада, со најава дека секој петок ќе протестираат против институциите кои го игнорираат феноменот на климатските промени.

[Подкаст] Што е муабетот со климатските промени