[Подкаст] Што е муабетот со климатските промени

Сакаме промена бидејќи немаме друга планета – вака гласи пораката што изминативе месеци стотици илјади млади од целиот свет им ја упатуваат на своите власти барајќи од нив поголема акција во справувањето со климатските промени.

Преку движењето #FridaysForFuture, кое го започна шведската тинејџерка Грета Тунберг, младите веќе не протестираат само за добросостојбата на идните генерации, туку и за себе, бидејќи последиците од овој глобален проблем се веќе видливи. Тогаш, што е муабетот со климатските промени и нивниот ефект во Македонија ја прашавме Бојана Станојевска Пецуровска од Центарот за климатски промени.