Младите лекари ќе помагаат во пандемијата од Ковид-19

Повеќе од половина од младите лекари кои месецов  го положија стручниот испит и добија лиценца за работа од Лекарската комора на Република Северна Македонија, изразиле желба да работат со пациенти со КОВИД-19.

Станува збор за вкупно 66 новолиценцирани доктори на медицина, кои денеска разговараа со министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче и заменик министерот, д-р Арменд Арслани. Како што соопштија од Министерството за здравство, докторите искажале позитивни критики за измената на Законот за здравствена заштита од јануари 2019, со која секој дипломиран доктор кој се стекнал со лиценца веднаш може да започне со шестмесечна пракса за која првпат добиваат надомест од 30,000 денари месечно.

Македонските студенти по медицина на готовс: Со соодветна заштита може да помогнеме на презафатените колеги

Работата во траење од шест месеци се спроведува во јавните здравствени установи – здравствени домови и општи болници со проширена дејност што вршат дејности и на примарна здравствена заштита, во дејностите на итна медицинска помош и домашно лекување, превентивна здравствена заштита за предучилишни и училишни деца и поливалентна патронажа.