Младите го предводат маршот за чист воздух – „Сакам да дишам“, „Нема воздух, нема мир!“

Со скандирање „Сакам да дишам!“ „Нема воздух, нема мир!“ започна маршот за чист воздух кој се движи од  Министерството за животна средина до Владата.

Пред Собрание застанаа 3-4 минути и сите во еден глас извикаа ,,Здравјето пред профитот“. Пред Министерството за правда пак се слушаа свирежи.

Улицата е исполнета со луѓе наместо коли. Млади луѓе се предводници во првите редови со разни транспаренти, придружени од разни граѓани со пријателите, со деца, кучиња, луѓе на велосипеди. Поворката е долга, а скандирањата гласни.

,,Дојдете со нас”, повикуваат демонстрантите кон останатите граѓани. Крајна дестинација на маршот е владината зграда, без ограда.

Масовна излезност на Маршот за воздух во Скопје