Младинскиот образовен форум утре ќе го презентира истражувањето „Вовед во студентска дискриминација“

Младинскиот образовен форум (МОФ) најави дека утре ќе ги презентира клучните наоди и препораки од истражувањето „Вовед во студентска дискриминација“ на кое работеле во изминатите неколку месеци. Промоцијата ќе започне во 12 часот во Рагуза 360.

Истражувањето се осврнува на студентската перцепција за дискриминација при државните универзитети „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, „Гоце Делчев“ – Штип, „Св. Климент Охридски“ – Битола и Државниот универзитет во Тетово.

„Дополнително, во рамки на самото истражување се креирани и препораки насочени кон релевантните институции а во насока на превенција и санкционирање на дискриминацијата“, соопштија од МОФ.

Покрај промоцијата на наодите, на настанот, МОФ најавуваат дека ќе се одржи и куса панел-дискусија во која релевантни претставници на институциите ќе дадат свое видување во однос на наодите и препораките од истражувањето.

Повеќе информации за настанот може да се проследат на следниов ЛИНК.