Младински планинарски камп на Попова Шапка на 19 и 20 ноември

ПК Македон – Скопје во соработка со Младинската Комисија и Центар за обука при ФПСМ организира регионален едукативен камп за млади.

Кампот ќе се оддржи на 19-ти и 20-ти ноември 2022 година во Планинската куќа „Љуботен” на Попова Шапка, а според организаторите целта е младите да се запознаат со основите на планинарењето преку теоретски и практични предавања, едукативни интерактивни игри и работа во пракса, односно на терен.

Бројот е ограничен на 7 учесници кои се на возраст од 8 до 26 години, плус предавачи и помошници на кампот. Покрај теоретската и практичната работа, ќе бидат подготвени и едукативни планинарски филмови кои ќе бидат емитувани во вечерните часови за едукација и инспирација на младите. Покрај предавањата ќе има време кое ќе биде предвидено за одмор и слободни активности. Во теоретската и практичната обука би биле опфатени темите како логорување, пакување на ранец, поставување на шатор, палење на логорски оган,  движење во планина, основна планинарска опрема, основи на ориентација, ноќно движење во планина, исхрана во планина и слично.

ПК Македон ќе обезбеди материјали за едукација, опрема, лаптоп за презентации, храна и превоз за учесниците и искусни ментори со лиценца за планинарски водичи при ФПСМ. Учеството на кампот е бесплатно.

Контакт информации може да најдете на Фејсбук страницата на ПК Македон – Скопје.

Информации за кампот

Период на реализација: 19.11.2022 – 20.11..2022

Локација: Планинска куќа „Љуботен”

Потребни документи за учество:

  1. Потврда од родител/старател

*Рокот на пријавување е до 17.11.2022

Програма

Ден 1 – 19.11.2022 година САБОТА

 07:00 – 09:00 Патување до Планинарска куќа „Љуботен“

09:00 – 09:30 – Сместување во планинската куќа

09:30 – 10:30 –  Доручек и пауза за одмор

10:30 – 12:00 – Предавање за основна планинарска опрема

12:00 – 13:30 – Практична вежба за движење во планина

13:30 – 14:00 – Ужина

14:00 – 15:30 – Поставување на шаторите и презентација на камп опрема

15:30 – 17:00 – Теоретско предавање за логорување и игра палење на логорски оган

17:00 – 18:00 – Практично предавање за ноќно движење во планина

18:00 – 19:00 – Вечера

19:30 – 22:00 – Едукативни планински филмови

22:30 – Ноќевање

Ден 2 – 20.11.2022 година НЕДЕЛА

07:00 – 07:30 – Будење

07:30 – 08:00 – Утрински вежби за истегнување

08:00 – 09:00 – Појадок

09:00 – 11:00 – Теоретско – практично предавање за ориентација во просторот

11:00 –  12:00 – Практична вежба – барање на координати со GPS

12:00 – 13:00 – Слободни активности

13:00 – 14:00 – Предавање за пакување на ранец и игра за пакување на ранец

14:00 – 15:00 – Ручек

15:00 – 15:30 – Доделување на дипломи

15:30 – 16:00 – Пакување и поаѓање

Правила на кампот

Правилата на кампот се следните:

  1. Строго се забранува излегување од зоната на планинската куќа без претходна дозвола од ментор/организаторот.
  2. Забрането е фрлање на отпадоци во кампот, ќе бидат поставени ќеси за отпад.
  3. Навремено легнување до 22:30 часот и будење во 07:00 часот.
  4. Учество и извршување на активностите (*Исклучок е доколку родителот не дозволува)
  5. Почитување на програмата
  6. Да се одржува хигиената во и околу домот
  7. Да се врати приборот за јадење на одреденото место
  8. Да не се оштетуваат предмети кои се во сопственост на вилата
  9. Строго се забранува консумирање на алкохол за време на кампот!
  10. Забрането е менување на местото за спиење и галама
  11. Строго се забранети дискриминации и несовесно однесување на учесниците!