Во склоп на иницијативата Млади за Скопје, составот „Корка“ утре (сабота, 14 јуни) од 22 часот ќе има концертна промоција на нивниот деби истоимен албум во „Ла Кања“ во Старата скопска чаршија.
„’Корка’ е нојз рок бенд од Кочани кој во својот звук комбинира суровост, енергија и тематска апатија што ја отсликува реалноста на младите денес. Со изразена DIY естетика, мрачна атмосфера и текстови што се движат од апсурд до социјален коментар, ‘Корка’ остава впечаток како еден од најсвежите гласови на македонската алтернативна сцена“, соопштуваат од Млади за Скопје.
Бендот „Корка“ го сочинуваат: Ненад Стојанов, Давид Лазаров, Анастасија Стоименовска, Борис Медарски и Викторија Петрова.
„Тие самостојно го снимаат, миксаат и мастерираат целиот материјал, задржувајќи ја независноста и искреноста на нивната уметност“, посочуваат од Млади за Скопје.
View this post on Instagram