Млади математичари освоија медали на Интернационална математичка олимпијада

Сојузот на математичари на Македонија (ССМ) објави дека на 63. Интернационална математичка олимпијада (ИМО 2022), македонската репрезентација постигна одличен резултат.

„На овој најпрестижен математички натпревар во светски рамки нашата екипа годинава освои два сребрени медали, два бронзени медали и две пофалници“, соопшти ССМ.

Никола Спировски и Дамјан Давков и освоија сребрен медал со по 29 поени, а Блаже Суклевски и Јан Стојановски – бронзени медали со 27 и 24 поени.

Пофалници, пак, добија Алексиј Тасиќ и Јасна Илиева со 21 и 18 поени.

„Најискрени честитки за овие шест златни деца“, стои во соопштението на ССМ.