Министерството за финансии го осуди синоќешното боење

Министерството за финансии го осудува вчерашното однесување на учесниците во протестите организирани од граѓанската иницијатива „Протестирам“,кога фасадата на зградата беше оштетена со боја.

„Министерството за финансии го почитува неприкосновеното право на граѓаните за мирен протест, но го осудува вандалското однесување на поединци кои оштетуваат државен имот изграден со парите на граѓаните на Република Македонија“, стои во реакцијата на Министерството за финансии.

Реакцијата доаѓа по синоќешниот протест на Шарената револуција против новите државни задолжувања и владината одлука за издавање еврообврзница од нови 650 милиони евра. Иако полициските кордони се обидоа да ги спречат демонстрантите да стигнат до зградата на министерството, сепак не успеаја во намерата.