Минималната плата во ЕУ од 174 до 1.921 евра

Во Европската унија во јануари минималните плати значително варирале од 174 во Бугарија до 1.921 евра во Луксембург, покажуваат податоците на Европскиот завод за статистика Евростат.

Минималната плата во ЕУ од 174 до 1.921 евра

Ако се земат предвид разликите во цените меѓу земјите, диспаритетот меѓу земјите-членки на ЕУ изнесува еден спрема 11 изразено во евра односно еден спрема 15 во однос на куповната моќ.

Евростат ги рангира земјите-членки на ЕУ во три групи во однос на нивото на минимална плата. Првата група ја сочинуваат земјите со минимална плата под 500 евра, каде се наоѓаат: Бугарија, Романија, Летонија, Литванија, Чешка, Естонија, Унгарија, Словачка, Полска и Хрватска.

Во втората група со минимална плата од 500 до 1.000 евра се: Португалија, Грија, Малта, Шпанија и Словенија, додека во третата група со минимална плата над 1.000 евра се: Велика Британија, Франција, Ирска, Холандија, Белгија и Луксембург.

Данска, Германија, Австрија, Финска и Шведска не се вклучени во истражувањето бидејќи немаат национални прописи за минимална плата или тие варираат во зависност од секоторот или професијата.

Во Македонија минималната плата изнесува 8.050 денари (12.265 денари во бруто износ), со што земјата стана последна балканска држава која ја утврди минималната плата.