Мигрант без документи се бори да го докаже својот идентитет откако освои 250.000 евра на лотарија

Мигрант без документи во Белгија се бори да го докаже својот идентитет за да ја добие наградата од 250.000 евра која ја добил на лотарија, јавува „Евроњуз“.

Младиот Алжирец го купил добитниот лоз за 5 евра пред неколку недели во супермаркет во Зебруг, но не може да ја подигне својата добивка.

Адвокатот на Алжирецот, Александар Верстраете, за новинската агенција „АФП“ изјави дека неговиот клиент очајнички работи на докажување на својот идентитет на белгиските власти.

„Мојот клиент е во нелегална ситуација, нема документи и нема банкарска сметка. Ги бараме тие документи кои можат да го докажат неговиот идентитет, тој ќе мора да контактира со семејството во Алжир“, рече Верстраете.