Методи Чепреганов, Линдита Ахмети, Томислав Османли и Мицко Јанкуловски добитници на наградата „11 Октомври“

Министерството за култура денеска ги соопшти добитниците на државната награда „11 Октомври“ за 2022 година за највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Северна Македонија.

За животно дело во областа на науката, наградата му се доделува на професор доктор Методи Чепреганов, додека за животно дело во областа на културата и уметноста, наградата им се доделува на поетесата Линдита Ахмети, писателот Томислав Османли и ликовниот уметник Мицко Јанкуловски.

Од Министерството за култура посочија дека наградата ќе биде врачена на 11 октомври во 12 часот во Собранието на Република Северна Македонија.