Металците „Napalm death“ ќе свират на „Д Фестивал“

Еден од најзначајните метал бендови, пионерите на гриндкор-сцената со речиси четириесет години кариера, „Napalm death“, летово ќе настапат на главната бина на „Д Фестивал“.

Освен „Napalm death“, на „Д Фестивал“ досега е најавено и драм ен бејс триото „Noisia“, холандската музичка сензација и трикратни сопственици на „Битпорт Мјузик“ наградите. Тие ќе ја предводат главната програма на 13 јули.

Инаку, деветтото издание на „Д Фестивал“ ќе се одржува од 12 до 14 јули, традиционално крај брегот на Дојранското езеро.

Веќе е објавен и повик за волонтери. Времетраењето на волонтирањето е од 11 до 15 јули, со задолжителен ангажман од 6 до 8 часа во една смена. Волонтирањето опфаќа часови од 7 до 4 часот наутро.