„Мета“ најави ВИ чет-бот со „карактер“

„Мета“, компанијата на Марк Зукерберг зад Фејсбук и Инстаграм, најави серија на нови чет-ботови кои ќе се користат на сервисот за допишување, „Месинџер“.

Чет-ботовите ќе имаат свој „карактер“ и ќе бидат специјализирани за одредени теми – како организирање патувања или совети за готвење.

Ова е најновата најава во трката за поточни и полични чет-ботови меѓу технолошките компании.

Според Зукерберг, најновите чет-ботови се се` уште во изработка и некои од нивните опции се се` уште ограничени.

Во Калифорнија, за време на првиот физички настан на Мета по пандемијата, Зукерберг изјавил дека „оваа година е прекрасна во полето на вештачката интелигенција“.

Компанијата, го нарече својот нов чет-бот „Мета АИ“, а ботот ќе може да се користи за допишување. На пример, корисниците ќе може да го прашуваат ботот како да стават крај на расправија.

Неколку познати личности, како Снуп Дог и Кендал Џенер потпишаа договор за позајмување на нивните личности на различни типови на чет-ботови.

Идејата е да се создадат чет-ботови кои не се дизајнирани само за да одговараат на прашања.

„Ова нема да биде само одговарање на прашања. Новите чет-ботови ќе се користат за забава“, изјавил сопственикот на „Мета“.

Според „Мета“, Том Брејди, ѕвездата на НФЛ, ќе има свој ВИ еквивалент наречен „Бру“, кој ќе биде комичен спортски коментатор, додека влогерот Мр. Бист ќе биде „Зак“,  – ВИ карактер кој комично ќе ги карикатурира своите корисници.