МЕР: Изградбата на гасоводот продолжува со согласност на активистите

Преку соопштение до јавноста, акционерското друштво за вршење енергетски дејности „Македонски енергетски ресурси“ (МЕР) информира дека изградбата на гасоводот низ Водно ќе продолжи по постигнатата согласност со граѓанските активисти кои ќе бидат во работните групи за мониторинг на изградбата на проектот.

Оттаму велат дека на терен се работело уште во понеделникот.

„МЕР АД Скопје ја информира јавноста дека по постигнување на согласност со граѓанските активисти кои ќе бидат дел од работните групи за мониторинг на изведбата на целиот проект, од понеделникот 08.10.2018 година, се отпочнати активностите за продолжување на изградбата на Магистрален гасовод Делница 5 Скопје-Тетово-Гостивар кај потегот на Водно и тоа од км 25 до км 26 на потегот конШишево“, велат од компанијата.

Но, претходно се огласија од иницијативата „Го сакам Водно“ од каде посочија дека „Водно продолжува да се силува“. Тие објавија и видео во кое активистка застануваа пред багер, барајќи дозвола за градба.

„Бараме веднаш да престанат градежните активности на Водно. Отстранете ја градежната механизација од Водно веднаш“, побараа од иницијативата.

[Фото + видео] Багерите денес повторно работат на Водно