[Мегафон] Милосављевиќ: Глувите лица бараат толкувачи и стандардизација на македонскиот знаковен јазик

Јелена Милосављевиќ е точкувач на македонски знаковен јазик. Таа со својата работа и ангажман е гласот на глувите лица.

Во новата епизода #Мегафон, по повод Меѓународнот ден на знаковен јазик, Милосављевиќ посочува дека глувите лица имаат поголема потреба од толкувач. Потреба за да отидат до доктор, банка, на обука, или до било која институција.

Сепак, Законот за употреба на знаковен јазик од 2009 година е застарен, ги дискриминира и ги ограничува на само 30 часа годишно со толкувач.

Исто така, таа посочува дека македонскиот знаковен јазик е единствениот јазик во државата што не е стандардизиран.

Бојан Шашевски и Даниел Евросимоски