Мартин Саздов од Свети Николе со тимот Tundra Esports стана светски шампион во Dota 2

Dota 2 тимот Tundra Esports каде што игра и Мартин Саздов – Сакса го освои The International 11 – Dota 2, откако во финалето ги победија Team Secret со резултат од 3-0. Победата на овој турнир му ја доделува на тимот титулата најдобариот Dota 2 тим во светот и награда за прво место од околу 8.000.000 долари, објави gg.mk.

Мартин Саздов – Сакса

Тимот Tundra Esports остана непоразен во текот на целата фаза од натпреварувањето на оваа игра, губејќи само четири мапи во групната фаза и само една на главната фаза.

Како што пренесува gg.mk, Мартин Саздов од Свети Николе, детето кое што пред неколку години дома немаше добар интернет и компјутер да игра Dota 2 сега е во листата на шампионите. Пред неколку години со тимот на „OG“ исто така успеа да стигне до финалето, но изгубија и го освоија второто место.