МЕСФ организира Прва македонска еспорт лига во Dota 2

Македонската еспорт федерација (МЕСФ) соопшти дека претстојниот викенд ќе биде организирана Првата македонска еспорт лига во Dota 2.

Регуларниот дел од лигата се состои од седум кола. Официјално лигата започнува со отворените квалификации на 08-ми мај 2022 година, а осумте најдобри тимови ќе имаат шанса да се натпреваруваат во регуларниот дел и плејоф-от од лигата каде што победничкиот тим ќе ја претставува Македонија на Европското првенство.

Пријавите за отворените квалификации се затвараат на 07-ми мај во 16:00 часот а натпреварите ќе се одиграат на 08-ми мај со почеток во 16 часот.

Доколку сакате да ја пријавите вашата екипа и сакате да сте дел од официјалните натпреварувања, тоа можете да го направите со клик ОВДЕ.

Од еспорт федерацијата потенцираат дека пренос од отворените квалификации ќе нема, но, регуларниот дел како и плејофот ќе биде пренесуван во целост на каналот на МЕСФ.