Мал новогодишен саем на Темплум по 13 пат

Од денеска па до 6 декември во Галерија Метаноја по тринаесетти пат ќе се одржи новогодишниот саем на книги на Темплум.

Вечерва, од 20 часот, во рамките на саемот, ќе се одржи доделување на петтата стрип награда „Лифт“.

На конкурсот пристигнале 16 стрипови од 18 автор(к)и. Тројцата најдобро оценети автор(к)и ќе бидат наградени со книги и стрипови од книгоиздателствата Темплум и Бункер во вредност од 500 евра (250 евра за првата/првиот, 150 евра за втората/вториот и 100 евра за третата/третиот).

Жирито на наградата Лифт го сочинуваат Никола Гелевски, Јана Јакимовска и Владимир Трајановски.

Покрај самото доделување на наградите ќе може да се погледне и изложбата на најдобрите стрип табли, како и да се проследи промоцијата на зборникот Стрип награда Лифт #5.

Целосната програма на малиот новогодишен саем може да ја погледнете во продолжение:

Среда, 30.11., 20.00 ч.

НАГРАДА ЛИФТ #5
Доделување на наградите од конкурсот за стрип Лифт 2022; изложба на најдобрите стрип табли; промоција на зборникот Стрип награда Лифт #5.

Четврток, 01.12., 18.00 ч.

– Камишибаи претстави за деца и млади (во духот):
Панда и Дрон, Пргавиот зајак, Страшна ноќ, Споменик од песни

Петок, 02.06., 20 ч.

– Ива Дамјановски, промоција на две стихозбирки, Тријажа и Почнуваме

Сабота, 03.12.,

12.00. ч. – книжевен квиз за деца; награди: 10 бесплатни Темплум сликовници

19.00 ч. – Промоција на три книги: стрип-сликовницата Панда во дрон од П. Вулкански и Р. Аврамовски; сликовницата Зборувам како река од канадските автори Џордан Скот и Сидни Смит; стрипот Малечката Сојка од финските браќа Ахонен. Учествуваат: Биљана Ѓонеска, Дарин Ангеловски, Маја Цветаноска, Марина Туфекчиовска и Никола Гелевски

21.00. ч. – Јоана Ристеска, концерт

Недела, 04.12.

13.00. ч. Сказнувалка читанка:
„Медените торти на Тон Телехен“

19.00. ч. – промоција на стихозбирката (и флип-книга) за мали и големи „Пу за Мите, пу за сите!“ од Владимир Лукаш. Промотор: Алксандар Прокопиев. Модератор: Билјана Црвенковска

20.30. ч. Концерт: „Звук Караџиќ“

Понеделник, 05.12., 17.00 ч.

„За оние по нас. План за поттикнување читачки навики кај младите“
Резултати и дискусија за проект на Сказнувалка; подароци за присутните: разни промотивни материјали

Вторник, 06.12., 12 ч.

Доделување на наградата Новите! за 2022.