Тројца македонски државјани досега се попишале во Џибути, држава во Источна Африка, четворица во Тувалу, полинезиска островска држава во Тихиот Океан, четворица на островите Свалбард и Јан Мајен, но и 11 на Северните Маријански Острови, информираше денеска Државниот завод за статистика.
Ова се дел од податоците кои досега ги има добиено Државниот завод за статистика, преку апликацијата за самопопишување на македонските државјани во странство, на која, како што велат, во последното деноноќие се попишало 11.101 лице.
„Евиденцијата на самопопишувањето покажува бројка од 171.620 државјани на РСМ кои живеат во странство и кои се самопопишале на електронската апликација од почетокот на овој процес, на 1 март, до денес“, стои во нивното соопштение.
Процесот на самопопишување на македонските државјани во странство се одвива преку следниов ЛИНК.
Инаку, теренското попишувањето на сите останати граѓани во држава е предвидено да започне на 1 април и да трае до 21 април.