Македонската алтернативна музика во фокус на книжевниот фестивал „ArtArea“

Книжевно-мултимедијалниот фестивал „ArtArea“ годинава ќе се одвива од 12 до 14 септември во кафе-книжарница „Буква“, а тема во фокус е македонската алтернативна музика.

„Како и секоја година, фестивалот ќе биде точка на пресек на различни културно-уметнички полиња. Традиционално, освен книжевноста, која е постојан елемент на фестивалот, и оваа година ‘ArtArea’ е планирана со богата програма од различни културни зони“, велат од издавачката куќа „Бегемот“, организаторите на настанот.

Преку неколку тематски настани и концерти во живо, вториот фестивалски ден ќе биде посветен на македонската алтернативна музика. Ќе има изложба на фотографии „Состојба на нештата – возила“ од Наташа Гелева-Лени, шест книжевни разговори, музичка панел-дискусија, музички видеоартови, поетско-музички перформанс, продажба на винили и концерти од млади македонски музичари, актуелни на македонската алтернативна сцена.

„ArtArea“ го организира издавачката куќа „Бегемот“ девет години по ред. Фестивалот е поддржан од Град Скопје.

Во продолжение ја пренесуваме целосната програма:

 

12.09.2025

19:00 – Разговор за книгата: „Опашка од конец“ од Оливера Ќорвезироска (Бегемот, 2025), разговараат Владимир Мартиновски, Владимир Јанковски и Оливера Ќорвезироска

20:00 – Разговор за книгата „Потклек“ од Љупчо Петрески (Бегемот, 2025), разговараат Катерина Шекутковска, Душица Лазова и Љупчо Петрески

21:00 – Разговор на книгата: „небо трето“ од Ѓоко Здравески (Бегемот, 2025), разговараат Николина Андова-Шопова и Ѓоко Здравески, музичка придружба Дејан Спасовиќ и Перица Сарџоски

22:00 DJ сет MamaMixa

 

13.09.2025

(Продажба на плочи и музички материјали: Re:start)

19.00 – Панел-дискусија: Македонската алтернативна музика низ годините (модератор: Јане Алтипармаков, учесници на панелот Васко Марковски, Елеонора Стојановиќ, Раде Биковски, Филип Букршлиев и Ивица Димитријевиќ)

20:00 – Видеоарт омнибус: „The Hip – Reality Overdrive“ од Јане Алтипармаков

21:00 –  Соло-концерт Мартин Џорлев

21:30 – Џем сесија на колективот Гола Планина

22:30 – Концерт во живо на Mallard

 

14.09.2024

19:00 – Разговор за книгата: „Антисвет“ од Ана Тодоровска (Илика, 2025), разговараат Марија Велинова и Ана Тодоровска

20:00 – Разговор за книгата: „Микроскоп, телескоп, стетоскоп“ од Васко Марковски (Бегемот, 2025), разговараат Владимир Мартиновски и Васко Марковски

21:00 – Разговор за книгата: „Збирно место“ од Тони Димков (Бегемот, 2025), разговараат Филип Димевски и Тони Димков