„Луфтанза“ и Дина Јашари ќе настапуваат на годинешниот „Мент“ фестивал во Љубљана

Македонскиот бенд „Луфтанза“ и Дина Јашари и другари ќе настапуваат на годинешното 9. издание на музичкиот фестивал и конференција „Мент“ во Љубљана.

Фото: Мент фестивал

Годинава на фестивалот кој ќе се одржува од 29 до 31 март ќе учествуваат 77 артисти и бендови од Европа меѓу кои и „Wu Lu“, „Planeta Polar“, „proto tip“, „Moveknowledgement“ и „Klotljudi“. Покрај тоа во рамки на музичката конференција се најавени дискусии за извозот на музика во земјите од поранешна Југославија, влијанието на Тик Ток, Балтичкиот музички пазар и многу други.

Минатата година на фестивалот настапуваше и македонскиот бенд „21 век“.