Љупчо Коцевски е новиот државен јавен обвинител

Со 62 гласа „за“ Собранието денеска едногласно го избра Љупчо Коцевски за нов државен јавен обвинител. Неговиот мандат ќе трае 6 години.

Коцевски е поранешен адвокат, кој во 2008 година бил избран за Виш јавен обвинител во Гостивар. Пред повеќе од една година, станал дел од републичкото Јавно обвинителство, помеѓу десеттемина обвинители во оваа институција.

Моментално на позицијата в.д. државен јавен обвинител е Соња Симовска, која го наследи Љубомир Јовески.

Предлогот за Коцевски беше доставен од Владата, а тој беше единствен кој доби позитивно мислење од Советот на јавните обвинители, покрај обвинителките Фатиме Фетаи и Лидија Раичевиќ.