Литванскиот Парламент дозволи употреба на буквите „x“„w“„q“ во личните документи

Помрднувајќи се од неколкудеценискиот статус-кво, литванскиот Парламент отсега ќе дозволи оригинално пишување на странските имиња во личните документи, пренесува „Евроњуз“.

Законот ќе стапи на сила откако ќе биде потпишан од претседателов Гитанас Науседа.

Законот дозволува користење на буквите „q“, „x“ и „w“, кои не се дел од литванската азбука за да се напишат имињата на литванските жители кои не се литванци, или пак се во брак со странски државјани.

Ова се однесува и во случаи каде презимето на родителите на литвански државјанин е странско, или пак ако предците на литванските жители имаат странски имиња во изворните архивски документи.

„Ова е важен чекор за човечките права, па дури и за безбедносните политики“, изјавила Викторја Нилсен, потпаролка на литванскиот парламент.

Моментално, странските државјани и нивните фамилии кои сакаат нивните имиња во личните документи да бидат напишани на букви неприсутни во литванската азбука, треба да упатат жалби до судовите кои ги одбиваат нивните барања.

Литванската дебата за пишување на оригиналните имиња и презимиња во личните документи трае неколку декади.

Проблемот со оригиналното пишување на имињата на етничките Полјаци кои содржат букви кои не се присутни во литванската азбука, редовно е отваран на биларателните средби меѓу Вилнус и Варшава.

Сепак, дел од политичарите во владеачката коалиција не го прифаќаат донесувањето на законот.

„Ова е предавство на литванскиот јазик“, изјавил Аудронис Ажибалис, член на владеачката партија „Унија на литванските христијански демократи“.

Група на пратеници бараат претседателот да стави вето на Законот.