Личен пример или ПР – Министерот Амети со автобус на работа

На албанските медиуми вчера се појавија фотографии на кои се гледа дека Министерот за животна средина Башким Амети на своето работно место стигнал со градски превоз.

ameti-avtobus

Овие фотографии следуваат откако Амети, во дебата на АлсатМ, беше запрашан зошто и тој самиот не користи јавен превоз, па преку личен пример да покаже да се следат препораките на Министерството до граѓаните за екстремно загадениот воздух.

По социјалните мрежи граѓаните реагираат. Дел од нив ја поздравуваат оваа одлука како добар личен пример за намалување на аерозагадувањето, додека други сметаат дека возењето со автобус е најобичен ПР за медиумите на министерот.

Изминативе две недели, скоро сите градови во Македонија кои имаат мерни станици за регистрирање на аерозагадувањето, имаа неколкукратно повисоки концентрации на штетните ПМ честички од максимално дозволените граници.