„Лајка“ објави повик за волонтери за уредување на живеалиштата на кучињата

Јавното претпријатие „Лајка“ објави повик за волонтери за разубавување на шелтерот и боксовите за кучиња.

„Доколку сте љубители на кучиња и сакате да сте општествено одговорни и хумани придружете ни се заедно со нашите добро познати уметници Драш и Мачка!“, се вели во соопштението.

Настанот на кој ќе се бојат боксовите на кучињата, оградите, и ќе се уредуваат зелените површини ќе се одржи на 15 јуни од 10 до 14 часот во ЈП „Лајка“.

„Ние ќе ги обезбедиме сите потребни материјали, вклучувајќи боја, четки и останата опрема. Не е потребно никакво претходно искуство – дојдете во облека која нема да ви пречи да ја обоите и донесете го вашиот ентузијазам и подготвеност да направите разлика!“, велат од таму.

За учество треба да се пополни овој формулар најдоцна до 10 јуни.

Акцијата се случува во рамките на проектот „Унапредување на благосостојбата на животните преку волонтерство” под покровителство на Амбасадата на САД во Скопје.