Тим од 35 припадници на силите за заштита и спасување со комплетна опрема синоќа заминаа во Албанија да помогнат во справување со последиците од силниот земјотрес што вчера ја погоди земјата, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување.

Фото: ДЗС
Меѓу нив е и лабрадорот на ДЗС, кој е обучен за пребарување и спасување преживеани од урнатини.
Бројни повици за собирање донации и помош за настраданите во силниот земјотрес кој ја стресе Албанија, дојдоа од балканските држави. Според последните информации, бројот на жртви порасна на 25, а има над 600 повредени.
Земјотресот со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала ја погоди Албанија вчера, во раните утрински часови, по што следуваа бројни афтершокови. Денеска во Албанија е прогласен ден на жалост.
Информации за каде и што да се донира: