Кумановските средошколци во понеделник нема одат на часови

Претставници на Средношколскиот пленум -Куманово објавија бојкот на наставата во понеделник напладне, во согласност со генералниот пленум на средношколците. Преку штанд поставен во центарот на градот, тие денеска ги информираа учениците и граѓаните за причините за најавениот бојкот, како и за воншколски активности кои ќе се организираат  наместо редовните предавања.

„Очекуваме дека конечно надлежните ке не слушнат. Во случај да не не примат, понатаму планираме да организираме трибина на која ќе ги повикаме и Наставничкиот пленум, бидејќи тие се единствените кои досега реално не поддржуваат“, велат од кумановскиот пленум за Радио МОФ од каде посочуваат дека бојкотот ќе трае, се додека МОН не закаже дебата со претставници на пленумот.

Кумановските средошколци во понеделник нема одат на часови

Тие велат дека ќе се бојкотира наставата во сите средни училишта во Куманово. Ова се прави како реакција на игнорантското однесување на надлежните институции кон барањата на средношколците за средба на која ќе им образложат на надлежните зошто бараат укинувања на екстерното тестирање и враќање на стариот начин на полагање на државната матура.

Како што појаснуваат од Средношколскиот пленум -Куманово, под бојкот на настава, подразбираат неследење на предавањата, додека неодењето на тестови и испрашување ќе биде на одговорност на самиот ученик.

Претходно средношколците од овој град излегоа на неколку маршеви со цел да го привлечат вниманието на надлежните кон нивните барања, а голема група им се придружи и на своите соученици на генералниот средношколски марш во средата во Скопје.