Критична маса во Битола и Гостивар

Утре од 18:00 часот од плоштадот Магнолија ќе започне „Битолска критична маса #12“, која претставува можност за сите велосипедисти кои сакаат да покажат дека сакаат почист град и покултурен начин на живеење во истиот.

Велосипедистите потенцираат дека нивните мотиви за „Критична маса“ се: промовирањето на едно од најпрекрасните превозни средства за урбан транспорт на денешницата, директно влијание кон намалувањето на загадувањето во градот, понуда на евтини алтернативни решенија за растеретување на пренатрупаниот центар од автомобили кои се еден од главните загадувачи во Битола, како и преземање на активности за обезбедување на вело инфраструктура (паркинзи, знаци, патеки…).

Критична маса во недела во 12:00 часот ќе се одржи и во Гостивар. „За сите оние кои возат точак. Од нас зависи како ќе изгледа нашиот град. Дојдете во што поголем број за да покажеме дека и ние сме дел од сообраќајот“, велат од НаТочак – Гостивар.

Скопјани денеска исто така ќе излезат на „Критична маса #35: Скопје, што е со патеките?“, додека во Тетово во сабота ќе се вози 24-та Критична маса.