Во Тетово следниот викенд ќе се вози 24-та #КритичнаМаса

Веќе традиционалното организирано возење велосипеди по улиците на Тетово, #КритичнаМаса ќе се одржи по 24-ти пат оваа сабота (28 март), информираат од неформалната група Тетово на точак.

„Со почетокот на пролетта, дојде време да му ставиме крај на сивилото во кое беше нашиот град цел овој зимски период. Време е заедно со нашите велосипеди да придонесеме за почист град, почист воздух кој го делиме сите заедно.Се што треба да понесете е вашиот велосипед и вашите насмевки“, велат организаторите

Појдовната точка, како и секогаш, е од градскиот плоштад во 14:00 часот.