Ковид-19 во регионот низ три инфографици

Последниов период во регионот одново се влоши состојбата со Ковид-19. Дел од државите регистрираат рекордни бројки на новозаразени и починати, додека кај останатите вирусот забрзано се шири.

Од почетокот на пандемијата во 10-те држави од поширокиот регион регистрирани се преку 4,4 милиони случаи на Ковид-19, а смртноста е најголема во Бугарија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Црна Гора.

Истовремено целиот регион се соочува со проблем на недоволна бројка на вакцинирано население. Во моментов во регионот најдобро во овој поглед стојат Грција и Словенија каде повеќе од половина од популацијата е целосно имунизирана против коронавирусот, додека Босна и Херцеговина и Бугарија имаат најмал процент на вакцинирано население. Северна Македонија со 37,4% вакцинирано население во моментов се наоѓа под регионалниот просек.

Во продолжение ви пренесуваме три интерактивни инфографици на кои можете да погледнете како во државите се ширеше вирусот, како се зголемуваше смртноста и со каков успех се спроведува вакцинацијата.

* Податоците се преземени од ourworldindata.org заклучно со 8 ноември 2021.

Даниел Евросимоски