Корисниците ќе го тужат „Епл“ за намерно забавување на постарите „Ајфони“

Милиони корисници на Ајфон телефоните сега можат да добијат исплата поради јавното барање во кое фирмата „Епл“ се обвинува за тајно забавување на перформансите на постарите телефони, јавува „Би-Би-Си“.

Џастин Гутман, кој исто така има телефон од компанијата „Епл“ тврди дека компанијата ги наведувала корисниците да прават надоградувања со цел да се унапреди софтверот на телефонот, но всушност тоа е она што ги прави поспори телефоните.

Тој бара отштета од 768 милиони фунти за 25 милиони корисници на Ајфон во Велика Британија.

Во обвинението поднесено до Апелациониот трибунал за конкуренција се тврди дека „Епл“ го успорува перформансот на постарите Ајфони со цел да избегне скапи повлекувања и поправки.

„Наместо да одигра чесно и легално кон своите потрошувачи и да им понуди бесплатна замена за материите или поправка, „Епл“ ги тера корисниците да прават постојани апдејти и тоа го успорува функционирањео на нивните телефони за 58 отсто.

Во тужбата се опфатени „Ајфон 6“, „Ајфон 6 плус“, „Ајфон 6S“, „Ајфон 6S плус, „Ајфон SE“, „Ајфон 7“, „Ајфон 7 плус“, „Ајфон 8“, „Ајфон 8 плус“ и „Ајфон X“.

Исто така, „Би-Би-Си“ пренесува дека ваквата тужба може да се поднесе доколку корисникот самиот одлучи така.

Од „Епл“ се огласија дека никогаш намерно не би забавиле или деградирале нечие искуство со нивните продукти за да ги наведат корисниците да направат апдејт и со тоа да ги успорат нивните мобилни уреди.

„Нашата цел отсекогаш беше да создаваме производи што нашите потрошувачи ќе ги сакаат и да креираме „Ајфони“ што ќе траат што е можно подолго“, велат од компанијата.