Новите верзии на iOS ќе стават крај на функцијата „Captcha“ наменета за потврда дека не сте робот

Новите верзии на iOS и macOS оперативните системи на „Епл“ што ќе ги имаат телефоните и компјутерите ќе содржат функција што ветува дека корисниците повеќе нема да имаат потреба да го поминуваат „captcha“ тестот за потврда дека не се роботи, јавува „Гардијан“.

Наместо тоа, оперативните системи ќе имаат вградено автоматска верификација дека корисникот не е робот, па повеќе нема да има потреба селектирање на квадрати со скалички, светла или семафори или внес на одредени букви и бројки за потврда дека човек управува со телефонот.

„Веројатно не уживате во прашањата што некогаш ве наведуваат навистина да се помислите како изгледа бараниот предмет, јас знам дека сигурно не уживам. Причината поради која постои ова е затоа што не сакаме серверот да биде „нападнат“ од измамници“, изјавил Томи Поли, инженер во „Епл“.

„Епл“ за да ја изработи функцијата соработуваше со „Фестли“ и „Клаудфлер“, две компании што управуваат со голем дел од инфраструктурата на јавниот интернет. Функцијата ќе работи на начин што ќе му овозможи на уредот да испрати шифрирана изјава што потврдува дека корисникот не е робот до адресата на веб-сајтот што го бара тоа.

Функцијата е поврзана со iCloud мрежата на „Епл“, но и покрај тоа веб-сајтот што ја бара потврдата нема да добие пристап до било какви податоци за корисникот или уредот.

Инаку иако „Епл“ е првата компанија што им го нуди ова на своите корисници, основната идеја за воведување на ваква функција ја прв ја постави „Гугл“, но наместо со тоа да го прекине користењето на „Captcha“ дозволи на други сајтови да употребуваат свои „Captcha“ методи.